Home » Тина Иванова разрешена од директорка на Филхармонија, откриени низа неправилности и несовесно работење

Тина Иванова разрешена од директорка на Филхармонија, откриени низа неправилности и несовесно работење

by Журнал.мк

Прес 24 дознава дека Тина Иванова,  директорката на Националната установа „Филхармонија на Северна Македонија” е разрешена од страна на Комисија при Министерството за култура, како и сите членови на Управниот одбор на установата. 

Според  Законот за користење и располагање со стварите во државна и општествена сопственост, директорката Иванова требало да постапува совесно, економично, соодветно, уредно, навремено, како и при склулување на договори за издавање на Филхармонијата на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 07.05.2023 година, но и при издавање простории на економскиот оператор Бока Бистро.

Комисијата открила низа неправилности се наведува во образложението според кое министерката Костадиновска-Стојчевска и разрешува Иванова и целиот Управен одбор. Иако било обврска според договорот, не постојат пишани записници и докази дека закупецот ВМРО-ДПМНЕ ја исполнил обврската од договорот да ангажира најмалку четири лица од редот на вработените на Филхармонија (светло мајстор, тонец, инжинер и координатор), како и 10 лица за обезбедување, уште еден тонец, шест лица за распоред, две лица за сценска техника и три лица за хигиена кои не е задолжително да се од редот на вработените.

Како што пишува Прес 24, добиле потврда од службите на Министерството за култура дека Иванова и Управниот одбор се разрешени поради низа откриени неправилности при работењето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk