Доминик Тим во крајно драматичен меч го победи Новак Ѓоковиќ и на коло пред крајот си обезбеди полуфинале на завршниот турнир во Лондон.
По победата над Роџер Федерер, Доминик Тим го совлада и Новак Ѓоковиќ. Триумфот над Србинот беше изборен во епска битка со исклучително интересен финиш.
„Ова беше посебен меч, за ова тренирам цел живот, историски меч пред неверојатна публика и победа над легенда на нашата игра“, вели Тим.
„Ова е меч кој веројатно никогаш нема да го заборавам“.
„Останав во мечот. Беше посебно враќањето од сет негатива, особено во тајбрејк. Останав офанзивен и покрај тоа што секогаш не функционираше тоа. Горд сум што ја остварив мојата цел, се пласирав во полуфиналето“.