23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

ТИМ НА 26.КОЛО: Ристов си поигруваше со Вардар…

Најчитани вести

Кога ќе го победиш Вардар со 6:0, па макар тој играл и со младинци секако дека не е мала работа. Но кога ќе му дадеш три гола, и ќе се најдеш барем во исто толку шанси, е тогаш секако дека нема дилеми дека си играч на колото. Посебно ако мечот го отвориш во 3.минута со спектакуларен гол од слободен удар. Затоа нема дилеми дека Денис Ристов, интернационалецот од Србија во дресот на Силекс, е играч на 26.коло во ПМФЛ. Покрај него од Силекс во тимот на колото се и Ивановски и Горгиев, кој исто постигна хет – трик. Наумовски и Ламине се од Шкупи, првиот му фати пенал на Радески а вториот беше стрелц на победничкиот гол против “пандевци“. Ибраими и Бејтулаи одново даваа тон на играта на Шкендија, Робсон од Македонија ЃП ја „отвори“ Беласица, Марио Станковски и Андреј Кировски беа најдобрите „романтичари“. И секако Мециновиќ од Струга Трим Лум кој одигра уште една фантастична партија во дресот на струшкиот прволигаш.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ДЕНИС РИСТОВ

Тим: Силекс

Роден: 24.06.1990 во Пирот (Србија)

Кариера: Раднички (П), Телеоптик, Доњи Срем, Нови Пазар, Силекс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести