33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Тимот кој победува, не се менува – Димитријевиќ пријавен за Естонија

Најчитани вести

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес ја има решавачката битка за пласман на Европското Првенство, а во истата ќе влезат со групата на борци кои вчера херојски ја совладаа Италија и ја запишаа првата победа во овој квалификациски циклус.

Селекторот Александар Тодоров одлучи дека тимот кој победува не треба да се менува, па денеска, во 15:00 часот во Арената „Молот“ во Перм, ќе истрчаат истите дванаесет кошаркари кои вчера играа со Италија (87-78).

Добар податок од списокот на Тодоров е што на истиот се најде името на Ненед Димитријевиќ, нашиот најдобар кошаркар кој вчера се повреди против „аѕурите“ и беше најавено дека ќе го прескокне дуелот со Естонија.

Составот на Македонија:

Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

Клучниот дуел против Естонинците кој ќе го даде последниот патник на Евробаскетот во 2022 е закажан за денес од 15:00 часот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести