14 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Тимоние: Ги очекуваме реакциите на нон-пејперот

Најчитани вести

Франција го чека ставот на сите-земји членки на унијата за новата методологијата за проширување. Франсцускиот амбасадор во земјава вели дека во следниот период ќе ги сослуша ставовите и на македонските власти, но каква иднина ќе има францускиот предлог ќе зависи од сите членки на унијата. Тимоние потенцира дека без разлика на исходот, приоритет за Франција и натаму останува владеењето на правото.

Всушност тоа се француските размислувања доставени до сите земји-членки на ЕУ и по насоките од мојата Влада ја ги оставив до властите на РСМ и ги очекуваме најпрво реакциите на земјите-членки, но исто така ќе бидеме мошне внимателни и ќе ги сослушаме забелешките од македонска страна, вели Тимоние.

Токму зајакнувањето на правната држава преку зајакнување на улогата на Уставниот суд во процесот на интергација на земјава беше и во фокусот на средбата која утрово Тимоние ја оствари со новиот претседател на Уставен Сали Мурати.

Сакаме да ја продлабочуваме нашата соработка и ветувам дека и Уставниот суд е за евроатлантската интеграција на нашата држава, владеењето на правото, особено со почитување на човековите права и слободи што фактички имаме и обврска според Уставот – истакна Мурати.

Францускиот нон пејпер посветен на новата методологија за преговори предвидува построги критериуми и побавен процес на пристапување. Париз бара реверзибилен процес во кој поглавјата би се отварале едно по едно, а евентуалното назадување ќе ја врати државата кандидат на почетокот.

Конечната методологија се очекува да ја изготви Европската комисија до јануари следната година, пред да се објави новиот пакет за проширување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com