Home » ТикТок ја тужи државата што ја забрани апликацијата

ТикТок ја тужи државата што ја забрани апликацијата

by Журнал.мк

Компанијата ТикТок ја тужеше американската сојузна држава Монтана, првата што ја забрани апликацијата со закон.

Во тужбата се вели дека законот е неуставно кршење на правата на слободата на говорот и се заснова на „неосновани шпекулации“ дека кинеската влада може да пристапи до податоците на корисниците.

Тужбата на ТикТок доаѓа веднаш по тужбата поднесена од пет други креатори на содржини кои ги делат истите аргументи дека државата Монтана нема јурисдикција да се занимава со прашањата за национална безбедност, пренесува Глас н Америкa.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk