6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Тејлор Свифт – нов албум и нова колекција

Најчитани вести

Тејлор Свифт може да се нарече нова кралица на поп музиката. Светски познатата ѕвезда е првиот уметник кој има продадено над 4 милиони албуми во првата недела од неговото издавање. Пејачката може да се пофали со голем број фанови и речиси 120 милиони следбеници во Instagram. Впечатливо е дека американската пејачка и авторка на песни е еден од петмината изведувачи кои достигнаа над 1 милијарда прегледи на музички спот на YouTube („Look what you made me do“).

Ѕвездата најави дека заедно со нејзиниот нов албум „Lover“, кој ќе биде објавен на 23 август, ќе излезе и нова колекција, која е резултат на нејзината работа со британската дизајнерка Стела Макартни. Пејачката постојано ја поддржува дизајнерката јавно со носење фустани на светски настани и церемонии за доделување на награди.

За време на 10-минутниот Instagram Live разговор, Тејлор Свифт откри детали за колекцијата: „За издавањето на албумот „Lover“ ќе има соработка која ја направив со Стела Макартни. Таа е мојата долгогодишна другарка и жена која многу ја почитувам. Го почитувам она што го создава и начинот на кој таа го прави тоа“.

Пејачката исто така рече дека колекцијата е целосно инспирирана од претстојниот албум.

Претпоставките се дека колекцијата ќе биде шарена, бидејќи во последно време сликите кои ги закачува Свифт и облеката која ја носи, се во боите на виножитото. За последно, пејачката се појави во неонски бои, облечена во шарени чевли од колекцијата на Стела Макартни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести