Откако 33-годишната пејачка освои вкупно девет награди, низ социјалните мрежи се проширија видеа од нејзиното танцување и пеење.
„Никој не се забавуваше повеќе од Тејлор Свифт“, напишаа обожавателите на Твитер. Пејачката со ентузијазам ги следеше настапите на своите колешки.
Еве некои од најдобрите видеа:
https://x.com/hwangsamericano/status/1701786193061646525?s=20
https://x.com/lenalvthr/status/1701781350909460883?s=20
https://x.com/swifferupdates/status/1701762624201834768?s=20
https://x.com/swifferupdates/status/1701777773759533131?s=20
За потсетување, Тејлор ја доби наградата за изведувач на годината, за видео на годината и за песна на годината за нејзиниот хит од 2022 година, Анти-херој. Дополнително, таа доби награда за најдобра поп изведба, најдобра режија, најдобри визуелни ефекти, најдобра кинематографија, најдобра летна изведба и албум на годината за Midnights. Таа беше номинирана во вкупно 11 категории.
За време на доделувањето на наградата, пејачката неколку пати му се заблагодари на својот тим. Покрај тоа, Тејлор влезе во историјата како прва личност која четири пати ја освоила наградата за видео на годината.