17 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Тешко повреден пешак на патот Липково – Куманово

Најчитани вести

Пешак со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Куманово откако на регионалниот пат Липково – Куманово, во него удрил автомобил.

Како што пренесува МВР:

На 13.11.2019 околу 08.50 часот во с.Оризаре, општина Липково, на регионалниот пат Липково – Куманово, Е.Е.(19) од с.Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од с.Лојане, општина Липково. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е., сопатник во возилото. Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести