-3 C
Skopje
Monday, January 18, 2021

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа во Чаир

Најчитани вести

Скопје, 26 јули- Дваесет и петгодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во Чаир.

Во несреќата учествувале мотоцикл „хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(25) од Скопје и автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ч.Ф.(54) од Скопје и паркиран автомобил „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки.

Во незгодата, мотоциклистот С.И. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница „СВ.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести