9.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Тешко повредени мотоциклист и велосипедист

Најчитани вести

Скопје, 8 јули- Мотоциклист и велосипедист се здобиле со тешки телесни повреди, а 12 лица се лесно повредени во девет од вкупно 23 регистрирани сообраќајни незгоди изминатиот викенд на подрачјето на СВР Скопје. Во 14 сообраќајки е причинета материјална штета.

Поради поголема брзина од дозволената од сообраќај се исклучени 130 возачи, 51 возач под дејство на алкохол, 74 пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 12 возачи почетници.

Од сообраќај се исклучени и 59 нерегистрирани возила и едно возило за претовар

За непрописно паркирање се издадени 143 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 107 возила.

Санкционирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин, 17 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, четворица кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Казнети се и 65 возачи за некористење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 12 за не носење сигурносен појас за време на управување на моторни возила и 27 за користење на мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com