26.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Тешко повредени моторџија и малолетник

Најчитани вести

Скопје, 17 октомври- Повозрасен скопјанец и едно малолетно лице со тешки повреди се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, откако паднале од мотоциклот со кој се превезувале. Несреќата се случила во скопско Визбегово.

„Вчера во 13.00 часот во село Визбегово, скопско, Б.Р.(63) од Скопје, управувајќи мопед „џонвеј“, со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и сопатник – малолетник и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје“, информираат од МВР.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести