11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Тешко на Јувентус: Корејците поради Роналдо бараат од „старата дама“ отштета од – 50 милиони евра

Најчитани вести

Италијанскиот великан Јувентус ќе се најде во сериозни финансиски проблеми, зашто се соочува со тужба тешка 50 милиони евра од Јужна Кореја, поради тоа што „старата дама“ не го исполнила договорот на мечот со „ол-стар тимот“ од оваа земја да настапи Кристијано Роналдо.

Роналдо кој пред една година дојде во Јувентус за 117 милиони евра не настапи на пријателскиот меч и сето тоа предизвика револт кај Корејците, кои плаќале и по 300 евра за билет за да ја видат една од најголемите светски ѕвезди. Мечот на стадионот во Сеул со капацитет од 60.000 луѓе и најголемиот дел само поради Роналдо.

Во договорот стоело дека Португалецот ќе игра барем едно полувреме, но тој не одигра ни минута и сето тоа ги разочара Корејците. Сега, тужбата е подготвена и се бара отштета од 50 милиони евра.

„Најголемиот дел дојдоа за да го видат Роналдо. Во договорот стои дека тој ќе игра најмалку 45 минути. Поднесуваме тужба и бараме отштета“, рекол адвокатот Ким Мин Ки.

Тој не вериува во приказните од Торино, дека Роналдо имал болки во мускулот, па од претпазливост не добил шанса да игра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com