МВР денеска извести дека синоќа во 23.20 часот е пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај селото Долно Српци, возило „форд“ управувано од Д.И.(45) од Битола, удрило во пешакот Џ.Ф.(52) од Албанија.
На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош.
Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.