36.8 C
Skopje
Sunday, August 1, 2021

Тешка сообраќајка во тетовско, повредени пет лица меѓу кои двајца малолетници

Најчитани вести

Вчера во 15.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово –с.Јажинце се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од В.С.(35) од с.Џепчиште, тетовско, патничко моторно возило „цитроен ц3“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Б.(40) од с.Џепчиште и патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(44) од Тетово, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „цитроен Ц3“, Н.Б.(66), а со телесни повреди се здобил возачот и сопатниците Б.Б.(36) и двајца малолетни сопатници од истото возило, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести