Скопје, 23 октомври- Рано утрово на крстосницата од улиците „Народни херои“ и „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје се случила тешка сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управувано М.К. (21) од Велес и патничко моторно возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.Ј.(33) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.И. (21) од Крива Паланка, сопатник во возилото „фолксваген голф“, а М.К. и другиот негов сопатник А.Ф. (20) од Пробиштип добиле телесни повреди и биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Телесни повреди добиле и Љ.Ј. и неговите сопатници Д.П. (30) од Скопје и Н.Н. (25) од Прилеп и биле пренесени во градската болница „Св. Наум Охридски“.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од Скопје.