Педесетгодишен жител на Желино го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во ова тетовско село.
„Во СВР Тетово во 20 часот и 30 минути било пријавено дека на локален пат во Желино патничко моторно возило удрило и усмртило 50-годишник кој бил пешак. По пријавената несреќа во полицијата била повикана и екипа од итна медицинска помош од каде е констатирана смрт кај 50 годишникот“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
По несреќата е започнат увид од обвинител од тетовското Јавно обвинителство и стручна екипа од СВР Тетово. Тетовската полиција најави уште детали за сообраќајката во текот на денот.