Скопје, 2 октомври- Едно лице завршило во болница по судир на два автомобили, утрово во населбата Аеродром, дознава 24 Инфо.
Според МВР, сообраќајката се случила околу 8.30 часот на крстосницата од булеварите Србија со Трета македонска Бригада. Тогаш се судриле „опел астра“ со скопски ознаки и „мазда“ од Пробиштип. При тоа едно лице е повредено, но не е познат карактерот на повредите.
