13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Тешка несреќа во Словачка – Најмалку 13 ученици загинаа, 20 се повредени (ФОТО)

Најчитани вести

Најмалку 13 лица загинаа од кои повеќето ученици во тешка сообраќајна несреќа на западот на Словачка.

До несреќата дошло утрово пшри директен судар на автобус со камион.

„Тринаесет лица загинаа, а 20 се повредени во несреќа во близина на местото Нитријанска Хрнчарова, каде автобус удри во камион“, изјави Зузана Фаркасова, портпарол на полицијата.

Според информациите во словачките медиуми, автобусот бил полн со средношколци кои претежно се жртви на несреќата.

Според сведок, камионот полн со градежен материјал нагло заввртел на патот, а потоа тргнал во спротивна насока.

На социјалната мрежа Фејсбук, спасувачите посочија дека стравуваат дека бројот на загинатите ќе се зголеми.Триесет пожарникари им помагаа на повредените.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести