20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

ТЕШКА ДИЈАГНОЗА Џесика Алба минува низ период од животот полн со болка и страв

Најчитани вести

Призна на социјалните мрежи

Актерката Џесика Алба, во пресрет на Super Bowl во неделата, откри тажна вест во врска со здравјето на нејзиното семејство. Основачот на Honest Company им порача на фановите преку Instagram дека нејзиниот татко Марк има рак на тироидната жлезда. 39-годишната девојка објави видео на кое таа и нејзиниот татко танцуваат во дневната соба во удобни комбинации на облека, а под видеото напиша дека татко ѝ наскоро ќе започне да се бори со оваа малигна болест.

Видеото собра над половина милион лајкови за многу краток временски период, а на желбите за брзо и целосно закрепнување на нејзиниот татко им се придружија многу обожаватели, но и познати личности. Актерката Габриел Унион напиша дека е убедена дека ќе ја добие оваа битка, додека Шерон Стоун рече дека нејзиниот татко го надминал ракот на хранопроводот и дека е сигурна дека Марк ќе го победи ракот на тироидната жлезда. Покрај тоа што водеше своја компанија и се грижеше за трите деца што ги имаше со својот сопруг, продуцентот Кеш Ворен, Алба сега треба да се грижи и за нејзиниот татко, со кого е многу блиска.

 „Следува исклучително тежок период за целото семејство, понекогаш не мислам дека ќе можам да соберам сила, но потоа се повлекувам и си велам себеси дека морам. Морам да бидам силна, да бидам храбра, да се соочам со вистината и стоички да ја издржам. Тоа е живот, исткаен од прекрасни и тешки моменти. Боли, но ќе помине “, рече таа и ги покани сите да се сетат на нејзиниот татко во молитви.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести