Home » Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово

Течат роковите за приговори за изборниот процес во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово

by Журнал.мк

Два дена по вонредните локални избори во Маврово Ростуше, Центар Жупа и изборот на нов совет во Тетово, најголемите политички партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласуваат победа и низ различна призма ги гледаат резултатите од гласањето. Од владејачката партија велат дека Мицкоски бил поразен на првото изборно соочување со Ковачевски, а граѓаните испратиле порака дека се за европски вредности, а не за блокади.

-ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл. Двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што имаше избор на градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше. И драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово. – Дарко Каевски – портпарол и пратеник на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ пак со повик до премиерот за распишување на парламентарни избори, кои според нив ќе донесат нов собраниски и владин состав кој ја отсликува реалната волја на народот.

-Изборите во Тетово само ги потврдија анкетите кои говорат за огромната предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ. Ковачевски доби јасна претстава што го чека на парламентарни и затоа три дена се обидуваат да го релативизираат поразот кој го претрпеа пред сопственото членство. ВМРО-ДПМНЕ освои 4 советнички мандати, а СДСМ 2 во Тетово. И тоа јасно покажува каков ќе биде и соодносот на идниот парламентарен состав. – Дафина Стојаноска – член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Преку партиски соопштенија пак си упатија и низа критики и оценки за постигнатите резултати…

-Мицкоски може да се врати во основно образование бидејќи и математиката и политиката му се слаба страна. Тоа што се обидува сопствениот пораз да го претставува за некаква победа покажува дека Мицкоски има проблем со математичките операции ама и со логиката. – велат од СДСМ.

-Прославувањето на победа на Ковачевски и СДСМ во Центар Жупа кој притоа беше единствен кандидат и тоа од Демократската партија на Турците во најмала рака е смешно, бидејќи според изјавата на Ковачевси СДСМ таму се борела со имагинарен противник. – пишува во едно од соопштенијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Најмногу политички поместувања донесе изборот за советот на Општина Тетово. Таму веќе ДУИ нема најголем број советници- БЕСА овојпат ја презема водечката улога со најмногу освоени советнички места. Алијанса за Албанците пак остана без ниту еден советник, што беше повод за оставката на лидерот на партијата Зијадин Села. Кој ќе го наследи на претседателската позиција ќе се знае по состаноците на највисокото раководство кое прво ќе одреди в.д. претседател, а потоа на Конгрес ќе гласаат за прв човек на Алијанса со полн мандат.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk