2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Техно кралицата Deborah De Luca во Скопје !

Најчитани вести

Таа е дефинитивно најбрзо растечкиот талент на светската техно сцена. Deborah De Luca е на бесконечна светска турнеа додека во исто време ја раководи својата издавачка куќа Sola mente records каде ја пласира музиката што ја продуцира…

tehno-kralicata-deborah-de-luca-vo-skopje-01.jpg

Во моменти кога е на самиот врв во оваа индустрија и настапува на најголемите и најважните подиуми ширум светот Deborah De Luca повторно решава да го стави Скопје како една од последните станици од оваа година. Со овој гест таа покажува почит кон една од најдобрите публики во Европа, публика која таа почит ја заслужи на претходните настапи во нашата земја и со право ја стави на пиедесталот на омилени музичари кои некогаш настапувале кај нас.

tehno-kralicata-deborah-de-luca-vo-skopje-02.jpg

Таа е миленик кај повеќе генерации, а моментално е една од најабараните артисти, неодамна шпански Vogue ја опиша како “Италјанската Dj-ка Deborah de Luca, една од денешните најголеми кралици на техно музиката“.

tehno-kralicata-deborah-de-luca-vo-skopje-03.jpg

Настанот ќе се реализира на 28 декември во големата сала на А1 Арена (екс. сала Борис Трајковски) со почеток од 22:00 .Влезниците во претпродажба се со промотивна почетна цена од 600 денари.

tehno-kralicata-deborah-de-luca-vo-skopje-04.jpg

Македонија предновогодишно ќе има можност да се забавува со урбан звук како примерот на големите светски метрополи, а за заокружување на оваа урбана приказна најавуваме беспрекорна организација со високи стандарди која за момент ќе Ви овозможи да се чувствувате како да сте дел од најголемите музички настани во светот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com