Home » Технолошки експеримент: „Hyundai N Vision 74 Concept“

Технолошки експеримент: „Hyundai N Vision 74 Concept“

by Журнал.мк

Ретро-футуристичкиот автомобил ја најавува технологијата за која инженерите на компанијата се надеваат дека еден ден ќе се трансформира во реалност.

„Hyundai“ го претстави „N Vision 74 Concept“, најновиот додаток во својата „колекција на технолошки експерименти“, кој му оддава почит на „Hyundai Pony Coupe“ од 1974 година, концептен автомобил дизајниран од страна на легендарниот Џорџето Џуџаро.

„N Vision 74“ се опишува како ретро-футуристички модел кој прикажува футуристичка научно-фантастична технологија за која инженерите на компанијата се надеваат дека ќе ја трансформираат во научна реалност.

„N Vision 74“ за погон користи хибриден водороден систем кој комбинира батериски електричен погонски систем и водородни горивни ќелии, пишува „Autoblog“. Со резервоар за водород кој може да се наполни за 5 минути и со батерија од 62,4 kWh, способна за брзо полнење од 800 V, автомобилот има автономија од 600 километри.

Возилото располага со вкупно 500 kW/680 коњски сили и 900 Nm вртежен момент, што овозможува максимална брзина од 250 километри на час.

„Hyundai“ наведува дека внатрешноста се обидува да го избалансира наследството на оригиналниот „Pony Concept“ со модерноста на неговиот погон. Опишан како „кокпит насочен кон возачот“, комбинира аналогни контроли од „старата школа“ со дигитална инструмент табла.

„Дизајнот на „N Vision 74“ кој е ориентиран кон иднината ја одразува почитта која ја имаме за посветеноста и страста внесена во „Pony Coupe“ концептот“, наведува Санг Јуп Ли, извршен потпретседател и шеф на дизајнерскиот центар на „Hyundai“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk