Home » Тетовци на протест побараа правда за случајот со модуларната болница

Тетовци на протест побараа правда за случајот со модуларната болница

by Журнал.мк

„Правдата не е шведски стол“, „Правдата не е трговија“, „Вистина над лагата, правдата над измамата“-ова беа само дел пораките кои беа ставени пред влезот на Основниот суд во Тетово, каде граѓани и група активисти протестираа, барајќи правда за случајот со модуларната болница.

Организаторите на протестот, Иницијативата „Подобро за Тетово“ велат дека во државата нема да има мир додека нема правда и политичка одговорност, за тоа што никој не добил соодветни казни за трагедијата во Тетово, но за и другите случаи каде граѓани ги загубиле животите.

За пет години во оваа држава имаме четири трагедии и 97 починати луѓе, без ниту еден ден затвор, посочија од иницијативата. Граѓаните посочија дека се разочарани од правниот систем.

Побараа владата да го разреши јавниот обвинител Јовески, заедно со другите обвинители инволвирани, во како што го нарекоа, монструозното дело модуларна болница.

Протестот започна точно на пладне, траеше околу половина час и заврши мирно. На влезот од судот оставени беа натписите и паролите преку кои се бара правда за изгорените луѓе во модуларната болница.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More