„Да излезе и да проси на улица“, вака веќе размислуваат дел од тетовските пензионери, по како што велат игнорантскиот однос на властите, во однос на нивните барање за линеарно зголемување на пензиите од 3000 денари.
Велат дека властите мора да изнајдат начин за покачување на пензиите оти постојниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување преку кој се врши усогласување на пензиите во зависност од порастот на платите и трошоците за живот, ги довел пензионерите на питачки стап.
На протест денеска излегоа и прилепските пензионери
И додека тетовските пензионери протестираа од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со препораки и мислење во врска со барањето за линеарно покачување на пензиите. Оттаму велат дека не поддржуваат протести, според нив статусот на пензионерите треба да се решава преку институциите на системот.
„Сојузот со своите членки континуирано и заеднички врз основа на согледувања и анализа факти и аргументи поднесува иницијатива до надлежните органи за подобрување на статусот на пензионерите на институционален начин, а не преку протести. Додека не се изврши промена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, а промена се врши со иницијатива во собранието не може да се направи линеарно зголемување“, стои меѓу другото во препораките и мислењата на Сојузот на здруженија на пензионери.
Селвер Мемети претседател на Здружението на пензионери Тетово, вели дека треба што поскоро да се изнајде начин за линеарно покачување на пензиите оти голем дел од тетовските пензионери се со примања и под 10.000 денари.
Здружението на пензионери Тетово брои 13.000 членови претежно со ниски примања.