Тетовка е задржана во полициска станица затоа што ја тепала мајка си
Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 17.30 часот, ја уапсиле 38-годишната тетовка А.Н.
„Таа била пријавена од 64-годишната мајка дека физички ја нападнала во објектот во кој работела“, велат од СВР- Тетово.
Тетовката А.Н. задржана е во Полициската станица – Тетово и по целосно документирање на случајот, против неа ќе има соодветен поднесок, информираат од МВР.