4 C
Skopje
Sunday, April 11, 2021

Тетовец приведен поради сомнение за предизвикување пожар на Шар Планина

Најчитани вести

Тетово, 28 октомври- Тетовската полиција лишила од слобода 44-годишник од градот кој на Шар Планина при подготовка да направи скара, запалил оган што се проширил, па изгорела поголема површина сува трева. Според првичните информации од тетовската полиција, тој ќе се соочи со пријава за предизвикување општа опасност што подразбира кривична одговорност.

– Во неделата во 13 часот и 15 минути кај место викано „Голгота“, атар на с.Лисец, тетовско, полициски службеници од Полициско одделение Попова Шапка го лишиле од слобода Ф.Н.(44) од Тетово. Околу 12 часот на наведеното место, во нива, негова сопственост при подготовка да направи скара, Ф.Н. запалил оган кој се проширил при што изгорела поголема површина сува трева, соопшти денес СВР Тетово.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести