23.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Тестирањето на коронавирус ќе може да се изврши со скенирање на окото

Најчитани вести

Апликацијата ги анализира фотографиите и го препознава „розовото око“, еден од симптомите на зараза со Ковид-19.

Германската компанија Semic RF со седиште во Минхен наскоро ќе овозможи почеток на тестирање на луѓе за Ковид-19 со скенирање на очното јаболко. Според нив, потребни се само три минути за да се идентификува носителот на вирусот, додека точноста на тестот е 95 проценти. Semic RF ја разви апликацијата со свои колеги од САД и чека одобрување од регулаторните организации.

Апликацијата користи фотографија од очното јаболко направена од паметен телефон, а вирусот се идентификува ако, или кога, постои симптоматско воспаление, кое се нарекува „розово око“.

„Успеавме да го изолираме постоењето на коронавирусот од повеќе од два милиони различни розови нијанси“, изјави директорот на компанијата, Волфганг Грубер за Reuters.

Тој додава дека апликацијата е веќе тестирана на над 70.000 луѓе и дека може да процесира до милион скенирања во секунда. Постои можност за зголемување на тој капацитет, така што ова би можело значително да придонесе за враќање на повеќе луѓе на масовни настани, како што се концерти или натпревари.

Кога корисникот ќе ги преземе апликациите, треба да ги фотографира двете очи, свои или туѓи, а потоа да ја испрати фотографијата за проценка. Добиениот резултат може да се зачува како QR-код во телефонот на тестираното лице.

Апликацијата првично беше планирана за компании и комерцијални корисници по цена од 480 евра месечно, а подоцна беше планирана и за физички лица.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести