28.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Тестиран најдолгиот лет во светот – патниците во воздух 20 часа

Најчитани вести

Авионите на авио превозникот „Квантас“ објавија дека го извршиле најдолгиот комерцијален лет, 19 часа и 16 минути, од Њујорк до Сиднеј, летајќи нешто повеќе од 16.000 километри.

Ова е сторено со авион „Боинг“, а летот од Лондон до Сиднеј е планиран за наредниот месец.

Компанијата сакаше да провери колку одат границите на издржливост и дали летовите што траат скоро цел ден се подносливи, а тест-летот беше наречен „Project Sunrise“.

Авионот патувал вкупно 16.015 километри во текот на летот, при што патниците патувале 19 часа и 16 минути, како што било планирано.

„Ние ги охрабривме патниците да консумираат многу кафе за време на летот“, рече Фил Кепс, член на персоналот на Квантас.

Австралиската авиокомпанија има намера да ги истурка границите на долги летови, најавувајќи дека ваквите летови ќе бидат достапни за сите во 2022 или 2023 година.

Сепак, во овој лет летаа само 50 луѓе, а екипажот, како и истражувачите, кои снимија сè што се случи за време на летот, исто така влегоа во леталото.

Квантас заедно со истражувачите сакал да тестира како патниците реагираат на најразлични работи, од потребата за спиење, до таканареченото џет-лаг.

Покрај тоа, волонтерите носеле опрема што следи како се однесуваат нивните тела и реагираат на промените во текот на летот.

Летот помина непречено и според првичниот план. Компанијата планира да спроведе идентично тестирање за еден месец, кога ќе лета од Лондон до Сиднеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести