0 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Тепачка во локал во Скопје, затворени неколку објекти во Македонија

Најчитани вести

На инцидентот во му претходела вербална расправија помеѓу две лица, по што се вклучиле дел и останатите гости. Приведени двајца учесници во тепачката.

Од локалот за Канал 5 не беа расположени да дадат став за инцидентот, на кој му претходела и рутинска контрола на пазарните инспектори, кои велат дека не регистрирале прекршување на протоколите, туку метеж.

Интензивна ноќ имале и повеќе инспектори, во вчерашните акции ширум Македонија кои траеле до раните утрински часови се затворени неколку локали поради непочитување на протоколите.

Во Прилеп ДПИ во соработка со МВР извршиле вонреден инспекциски надзор при што во познат локал било утврдено дека не се почитувале протоколите, подоцна истиот е пломбиран од страна на надлежните

Од ДПИ повторно апелираат угостителите и граѓаните да ги почитуваат протоколите за побрзо надминување на пандемијата со ковид-19.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести