10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Теохарис: Над шест милиони туристи досега ја посетија Грција

Најчитани вести

Задоволство од досегашната туристичка сезона во Грција изрази министерот за туризам Харис Теохарис, говорејќи за грчката телевизија „Мега“, истакнувајќи дека според неофицијалните податоци, досега, Грција ја посетиле над шест милиони туристи.

Теохарис истакна дека податоците покажуваат дека бројот на посетители се доближува до оној од 2019 година, односно пред пандемијата.

-И во јули надминавме два милиони посетители, а се чини дека и во август ќе биде над два милиони посетители, што како месечна бројка, последен пат го видовме во 2019 година, рече Теохарис.

Изрази надеж дека со почитување на мерките може сезоната да трае подолго, до средината на септември, но и повеќе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com