-6.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Теона Митевска го снима новиот филм во НУБ „Свети Климент Охридски“, следна станица-Сараево

Најчитани вести

Најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“ се снима во просториите на Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје.

Филмот е во продукција на „Брат и сестри Митевски“, поддржан е од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и е копродукција меѓу пет земји – С Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Белгија и Данска.

Продуцентката Лабина Митевска изјави дека локацијата е избрана после долго барање од пет-шест месеци, бидејќи цел филм се случува во една просторија.

Фото: Б. Грданоски

-Се одлучивме токму да биде во овој прекрасен објект. Најголем дел од филмот, односно четири недели го снимаме токму овдека. Ја окупиравме библиотеката веќе два и пол месеца сме тука и првенствено се одлучивме поради визуелниот аспект на специфичната архитектура на самиот објект – она што најповеќе ја фасцинираше Теона. Но и од луѓето кои работат тука, кои се пред се историчари, професионалци кои со отворени раце не дочекаа, но исто така бевме и разочарани од целата состојба во која ја најдовме самата библиотека, рече Митевска во изјава на самиот сет за новинарите кои беа во обиколна на просториите на библиотеката заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и директорката на институцијата Јелисавета Костадинова по повод најавата за предвидените активности за ревитализација на ова значајно национално здание.

Таа даде поддршка на она што Министерството за култура се обидува да го направи за самиот објект, неговата архитектура и значењето. Како филмаџии, рече, одлучиле да помогнат со реновирање на големата читална и упати повик сите заедно да придонесеме за враќање на достоинството, сјајот и животот во НУБ.

На оваа локација екипата ќе снима уште три недели, а потоа ќе следи уште една недела снимање во Сараево. 

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела „Еуримаж“ го поддржа новиот филм на Митевска . „Најсреќниот човек на светот“ на Митевска и „Кајмак“ на Милчо Манчевски добија по 30 милиони денари (500.000 евра) финансиска поддршка од Агенцијата за филм на С Македонија  во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com