Home » Тен Хаг не штеди комплименти за првата ѕвезда на Јунајтед: Роналдо е гигант!

Тен Хаг не штеди комплименти за првата ѕвезда на Јунајтед: Роналдо е гигант!

by Журнал.мк

Ерик Тен Хаг минатата седмица ја прослави новата титула како тренер на Ајакс, а викендот го одработи последниот меч како тренер на холандскиот великан и самостојно се одјави на завршната прес-конференција.

Ајакс ремизираше на гостувањето кај Витезе со 2:2 на натпреврот кој е последен за Тен Хаг како предводник на составот од Амстердам, по што најави дека од утре целиот негов фокус ќе биде Манчестер Јунајтед и новиот проект за кој се одлучи.

Холанѓанецот се очекува да направи огромни проблеми во играчкиот ростер во Јунајтед, но ако се суди според неговата денешна изјава, има големо мислење за Роналдо и најверојатно ќе смета на него за наредната сезона.

„Од утре, целиот мој фокус ќе биде насочен кон Манчестер Јунајтед и ќе гледам што е можно подлабоко да ги согледам работите кои ме чекаат. Деталната анализа допрва треба да започне, мора да почнам да работам со тимот, но сакам да бидам јасен. Во Јунајтед и во моментов има многу добри играчи. Тоа што треба да го направиме е да почнат да работат како тим, во кој има и гигант како што е Роналдо“, изјави Тен Хаг.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More