9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Тензиите во комисијата за труд и социјална пoлитика ја одложија дебата за покачувањето на минималната плата

Најчитани вести

Тензиите во комисијата за труд и социјална пoлитика ја одложија дебата за покачувањето на минималната плата. Причина за оваа ситуација беа предлогот на пратеникот Самка Ибрахимовски и одбивањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за на иста седница каде на дневен ред е покачувањето на минимална плата, да се додаде и точката за обештетување на стечајците.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и минатата недела не се појавија во Собранието. Тогаш генералниот секретар на СДСМ рече дека тие се потпишале за да оправдаат доаѓање и, како што вели. да земат плата, а не влегле на седницата на која се дебатира за законот за овозможување на минимална плата за сите граѓани од 14.500 денари.

-ВМРО-ДПМНЕ работи против својот народ! Не присуствуваа на седницата во Собрание за да учествуваат и дадат поддршка на законот за минимална плата од 14.500 денари.- порача тогаш Николовски.

Денеска на предлогот на пратеникот Ибраимовски, прв одговори претседателот на комисијата за труд и социјална политика, Влатко Ѓорчев, кој рече дека за таа точка треба концензус, во спротивно тој се закани дека опозицијата има механизми за да ја блокираат процедурата ако мнозинството инсистира со гласање да го промени дневниот ред.

Потоа други пратеници на ВМРО-ДПМНЕ констатираа дека Деловникот не дозволува точка од друга седница каде е на второ читање да се додаде на оваа седница. По ова објаснување Ибраимовски даде нов предлог, за по завршување на седницата за минимална плата да се свикува седницата каде на дневен ред е законот за стечајците.

Ѓорчев обвинуваше дека министерката Царовска не доаѓа на комисија и рече дека тој инсистира на нејзино присуство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com