Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот. Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија.
Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник.
Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците.
Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот.