Вчера околу пладне, тело на жена било извлечено од водите на реката Вардар во Таорската Клисура, кај Ново Село, соопшти МВР.
„На 25.05.2023 во 12.49 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Ново Село, скопско, во водите на реката Вардар бил забележан женски труп. Од екипа на противпожарната единица Скопје телото било извадено од реката и по наредба на Јавен обвинител било предадено за обдукција“, велат од полицијата.