9 C
Skopje
Tuesday, April 20, 2021

Телефон што се полни без кабел: Oppo демонстрираше вистинско безжично полнење (ВИДЕО)

Најчитани вести

Бидејќи моментно во Шангај се одржува виртуелниот саем MWC 2021, и покрај прилично непријатната состојба со пандемијата во светот, новите технологии не престануваат да пристигнуваат. Веќе пишувавме за уредот на Oppo што се развлекува во таблет, а компанијата овој пат Oppo одлучи да го искористи овој прототип за да го демонстрира своето вистинско безжично полнење. Додека Xiaomi ги престигна во ова на можеби уште подрастичен начин, безжичниот полнач на Oppo е исто така навистина безжичен и прилично интересен!

На демонстрацијата на видеото што го прикажа кинеската компанија, Oppo X 2021 (концептот телефон што се развлекува во таблет) се наоѓа на безжичен полнач. Откако корисникот ќе го подигне околу 20-40 см, флексибилниот уред сè уште се полни. Oppo тврди дека дури и кога телефонот ќе се оддалечи од полначот на споменатото растојание, уредот сепак добива енергија од 7,5 W. Иако Oppo минатата година претстави безжичен полнач кој навистина може безжично да ги полни телефоните со 5-10 W на растојание од 10m, тие смартфони во себе морале да имаат специјални калеми.

Тука наводно се работи за телефон со обичен безжичен полнач, а вистинско чудо на технологијата е самиот „предавател на струја“, односно полнач. Бидејќи ова е директен ривал на Xiaomi Mi Air Charge, со нетрпение очекуваме што ќе претстават кинеските компании во текот на оваа година и дали конечно еднаш засекогаш ќе се поздравиме со жиците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести