15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Телескопот Хабл сними моќна фотографија од необична галаксија

Најчитани вести

Телескопот Хабл со помош на камерата Wide Field Camera 3, успеа да направи моќна фотографија од спиралната галаксија NGC 4680. Покрај неа се гледаат уште две галаксии, една на долниот десен дел и друга на самото дно на средината.

NGC 4680 е во центар на внимание уште од 1997 година кога беше домаќин на експлозија на супернова под името NS 1977bp. Астрономот којшто ја откри, Роберт Еванс, е од Австралија. Еванс до денес успешно има препознаено дури 42 експлозии на супернова.

NGC4680 според НАСА е многу сложена галаксија, понекогаш има облик на спирална галаксија, додека во друг момент изгледа како неправилна.

Галаксиите се цело време во движење и се менуваат во текот на својот живот. Спиралните галаксии еволуираат во елиптични со меѓусебно спојување, што кај една од нив може да резултира со губење на спиралната структура.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести