Телата на 16 од вкупно 39 Виетнамци кои беа пронајдени во приколка од камион во близина на Лондон, денеска беа вратени во Виетнам и предадени на семејствата.
Телата беа пронајдени на 23 октомври, а полицијата соопшти дека жртвите биле на возраст меѓу 15 и 44 години. Беа пронајдени тела на 31 маж и осум жени.
За случајот има неколку осомничени луѓе и во Британија и вo Виетнам.
Во понеделникот, возачот на камионот беше изведен пред суд и призна дека е виновен за заговор за илегалната имиграција и стекнување на пари со криминална активност. Тој меѓудругото е осомничен и за смртта на 39 луѓе.