9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Телата на две жртви во ерупцијата на Нов Зеланд може никогаш да не бидат најдени

Најчитани вести

Телата на двајца загинати во вулканската ерупција на Нов Зеланд можеби никогаш нема да бидат пронајдени, соопшти тамошната полиција.

Властите пред неколку дена ги објавија имињата на две жртви чии тела се уште не се пронајдени. Станува збор за 17-годишната Австралијка, Винона Џејн Лангфорд и 40-годишниот Хајден Брајан Маршал од Нов Зеланд.

Командантот на полицијата, Мајк Клемент, изјави дека и двете тела се во морето, но радарите и нуркачите не можат да ги лоцираат.

Потрагата сега се прошири и надвор од областа на вулканскиот остров, при што се вклучени приватни и полициски хеликоптери.

Сепак, неколкудневните лоши временски услови значително ги отежнуваат напорите и постои шанса нивните тела никогаш да не бидат пронајдени.

„Не можеме да потврдиме со сигурност дали овие тела некогаш ќе бидат најдени“, рече Клемент.

Додаде дека многу му е жал што досега не успеале да најдат решение и дека буквално се оставени на милост и немилост на морето.

Во вулканската ерупција на Нов Зеланд на 9 декември загинаа 18 лица, а 26 и натаму се во болница со сериозни повреди.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com