33.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Тежок пораз на Надал – Втор пат загуби Гренд слем меч по водство од 2:0

Најчитани вести

Рафаел Надал го заврши својот настап на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија. Шпанецот доживеа тежок пораз од Стефанос Циципас по четири часа и пет минути игра.

Надал, во четврт-финалето, имаше предност од 2:0 во сетови, но на крајот Циципас беше играчот кој ѝ се радуваше на победата.

Шпанскиот тенисер, освојувач на 20 Гренд слем титули, трет пат во кариерата, а втор пат на Гренд слем турнирите, испушти предност од 2:0 во сетови.

Фабио Фоњини, во 2015 година на Ју-ес опен, успеа со пресврт да го порази Надал, а истото му успеа и на Роџер Федерер, во 2005 година на мастерсот во Мајами. Таа финалето на мастерсот во Мајами се играше во три добиени сета.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести