8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Тежок пад на фудбалската репрезентација на ФИФА листата

Најчитани вести

Иако летово дебитираше на европските првенства и воопшто на големите натпреварувања, репрезентацијата на Македонија забележа голем пад на најновата ФИФА ранг листа, објавена денеска.

Нашиот национален тим падна за десет позиции во однос на последното рангирање, во мај и сега се наоѓа на 72. место. Тоа е наш најлош ранкинг од 2019 година кога бевме 73. репрезентација во светот. На ова кумуваа поразите од Австрија, Украина и Холандија на Европското првенство, па можност за поправка на пласманот и впечатокот ќе имаме во септември кога играме три квалификациски дуели за Светското првенство во Катар.

На чело на ранг-листата и натаму е Белгија која не се прослави на континенталниот шампионат и беше елиминирана во четвртфиналето. Потоа следуваат Бразил, Франција, Англија, Италија, Аргентина итн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com