21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Тедрос ќе „брка“ уште еден мандат на чело на СЗО

Најчитани вести

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус планира да се кандидира за втор петгодишен мандат на функцијата шеф на СЗО, објави денеска порталот Стат њуз, повикувајќи се на извор кој е добро упатен во сето тоа.

Тедрос Адханом Гебрејесус, по потекло од Етиопија, во 2017 година стана првиот Африканец на чело на СЗО со седиште во Женева, а како свој приоритет го постави глобалното обезбедување на здравствена заштита.

Засега не е познато дали ќе се пријави друг кандидат за таа функција, се наведува во извештајот на Стат њуз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести