14.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Тевез: Во Јунајтед сите ми се смееја каков автомобил возам, а потоа лудакот Руни….

Најчитани вести

Карлос Тевез имаше исклучително успешна интернационална кариера, а во моментите кога е на залезот на кариерата во матичната Бока Јуниорс, популарниот „Апаче“ се отвори во интервјуто кое го направи за аргентинската телевизија „Тик Спортс“, разговор при кој откри една уникатна анегдота од Англија.

Тевез е познат по тоа што ги носеше дресовите на двата ривали од Манчестер, но како што вели самиот, најголемото пријателство го стекнал во црвениот дел, односно во друштво на Вејн Руни со кого експресно се социјализирал и зближил поради сличните размислувања и стилот на игра.

– Почнав да имам навистина добар однос со Руни. Се идентификував себеси во него, секогаш се бореше за секоја топка како да е последна, играше како мене, – започнува Тевез, кој во продолжение открива уникатна анегдота.

– На тренинзите на Јунајтед, сите доаѓаат со Ферари или Ламборгини, дури и најлошиот има таков автомобил. Јас одев со Аудито кое ти го дава клубот. Сите ми се смееја, ме уништуваа со коментарите како да возам Фиат 600. Потоа, лудакот Руни ми го даде своето Ламборгини. Ми рече да го возам и ми го подари, – открива Карлитос.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com