Home » „Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од купопродажниот договор со Маск

„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од купопродажниот договор со Маск

by Журнал.мк

„Твитер“ соопшти дека не прекршил ниту една од своите обврски од договорот за преземање со извршниот директор на „Тесла“ и на „Спејс Икс“, Илон Маск, кој се откажа од купувањето.

Маск во петокот објави дека се откажува од намерата да ја купи компанијата за 44 милијарди долари, тврдејќи дека „Твитер“ не открил важни информации, како што се конкретниот број на лажни сметки и спам.

Раководството на „Твитер“ претходно објави дека е посветено на затворање на трансакцијата по цената и условите договорени со Маск и оти планира да покрене правна постапка за спроведување на договорот за „спојување“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More