Поради силниот дожд и ветришта што ги донесе бурата „Канун“ во јужните делови на Јапонија и областите на Јужна Кореја, откажани се сите летови, а запрен е и железничкиот сообраќај, бидејќи се приближува уште една бура од исток, која му се заканува на Токио. Се евакуираат илјадници луѓе. Интензивните дождови и ветрови во Јужна Кореја уриваа дрвја, покриви и ги претворија патиштата во реки.
Невремето се движи кон Сеул. Се прогнозира дека ќе ослабне утре кога бурата ќе се пресели во северна Кореја.