18.8 C
Skopje
Saturday, April 1, 2023

Тајра Бенкс непрепознатлива, лицето и изгледа како смрзнато

Најчитани вести

Ја гледавме и во бројни кампањи на Диор, Шанел, Ив Сен Лоран, Армани, Фенди, Мајкл Корс, Ралф Лорен, Келвин Клајн и многу други. За нејзе може да се каже дека е лице што би го препознале каде и да го видиме.

Но, дали е тоа се уште така?

Тајра се појави на Annual American Influencer Awards и најпрво вниманието го привлече со интересниот и модерен кариран костум, составен од сако и панталони, а под сакото носеше само градник. Но, она што ги шокираше многумина, беше нејзиното лице.

Иако одамна е познато дека Тајра има правено естетска корекција на носот, нејзините обожаватели забележаа дека лицето ѝ е како смрзнато и дека нема никаква емоција, ниту експресија.

Тајра на фотографиите на Инстаграм добила коментари дека изгледа пластично и дека веројатно, претерала со естетските интервенции на лицето.

Најнови вести