17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Тајни кои ги кријат светски познатите градби: На врвот на Ајфеловата кула се наоѓа стан

Најчитани вести

Архитектонски дела кои станаа симболи на одредени земји и денес привлекуваат внимание. Некои поради нивниот чуден изглед, а некои поради одредени детали за кои нема стопроцентно точно објаснување.

Веројатно веќе сте чуле за некои од мистериите кои ги придружуваат ваквите дела, но за многумина е уште поголема веројатноста дека не знаеле за тоа.

Ајфеловата кула во Париз

На врвот на познатата Ајфелова кула се наоѓа стан, кој творецот на овој француски споменик го направил за одмор и прием на гости. Содржи дневна соба, две спални соби, кујна и бања. И, можете ли да замислите какво гледиште има? Денес, во него се наоѓа музејска поставка, која содржи и восочни фигури на Густав Ајфел и Томас Едисон, кои некогаш имале долг разговор таму.

Статуа на слободата во Њ

ујорк Многу туристи кои го посетуваат симболот на градот Њујорк пропуштаат еден многу важен детал. Во подножјето на оваа статуа има делови од скршен ланец. Статуата на слободата наполни 132 години! Причината за ова е едноставна. Оваа статуа жителите на Франција ја донираа на Соединетите Американски Држави по повод стогодишнината од почетокот на Американската револуција, а таа, покрај слободата и демократијата, го симболизира и укинувањето на ропството.

Кривата кула во Пиза

Иако многумина знаат за оваа привлечна италијанска зграда, вистината е дека никој навистина не знае кој ја изградил. Камбанаријата за катедралата во Пиза е изградена пред скоро 200 години, па се претпоставува дека тоа е главната причина зошто не се знае точно кој бил градителот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести