-1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Тачи не оди на состанок во Тирана, бидејќи Србија не го признава Косово

Најчитани вести

Косовскиот претседател Хашим Тачи денеска повторно истакна дека нема да учествува на средбата во Тирана, бидејќи Србија не ја признава независноста на Косово.

Тој на Фејсбук напиша дека „Србија не само што ги негира злосторствата, туку и понатаму го отфрла постоењето на косовската држава”.

– Во таква ситуација, поканите и инцијативите за регионална соработка целосно се бесмислени. Србија и БиХ не ја признаваат државата Косово, напиша Тачи.

Во Тирана денеска и утре се одржува трет состанок на лидерите на земјите од Западен Балкан, учесници на регионалната инцијатива позната како „мини Шенген”.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести