5.8 C
Skopje
Wednesday, October 27, 2021

Тачи и Харадинај именуваа, Курти негодува на изборот нов директор и главен инспектор на косовското разузнавање

Најчитани вести

Премиерот во оставка на Косово Рамуш Харадинај и претседателот на државата Хашим Тачи ги именуваа денеска Крешник Гаши за директор и Бурим Рамадани за главен инспектор на Агенцијата за разузнавање на Косово (АКИ), откако на 6 овој месец досегашниот шеф на Агенцијата, Шпенд Маџуни поднесе оставка на функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста преку својата страница на Фејсбук ја објави Харадинај, наведувајќи дека одлуката ја донел согласно неговите уставни и законски надлежности и во координација со претседателот на државата.

– Профилите на именуваните се фигури со интегритет и експерти за безбедност, кои гарантираат професионалност и кредибилитет на АКИ, напиша Харадинај.

Непосредно по објавата на Харадинај, информацијата преку соопштение до медиумите ја потврди и кабинетот на претседателот Тачи, кој информира дека тој, согласно неговите уставни надлежности, го потпишал указот за именување на Гаши и Рамадани.

Деновиве лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти, кој се очекува да биде избран за премиер откако неговата партија победи на вонредните парламентарни избори, му порача на Харадинај дека новиот шеф на АКИ ќе биде именуван од новата влада.

Курти побара од Харадинај и неговите министри да не носат одлуки кои не се во надлежност на една влада која е вршител на должност до формирањето на новите инситуции произлезени од изборите.

Идниот премиер ѝ порача на Владата во оставка дека ќе одговара за одлуките кои ги носи во периодот на институционален вакуум, односно од изборите до формирањето на новите институции.

– Периодот од 6 октомври наваму се карактеризира со екстремна злоупотреба на институционалниот вакуум од страна на владата во заминување, напиша Курти во саботата, најавувајќи дека, откако ќе биде избран за премиер, „одлуките кои се носат од владата која што е вршител на должност и што претставуваат надминување на надлежностите на една влада во заминување, односно дежурна влада, ќе бидат поништени, а налогодавачите ќе одговараат”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com